Данскиот производител на лекови Novo Nordisk ќе инвестира 8,5 милијарди круни (околу 1,1 милијарди евра) во нова фабрика во данскиот град Одензе за производство на лекови за ретки болести, објави компанијата.
Novo Nordisk, која стана највредната европска компанија котирана на берза благодарение на својата многу популарна инјекција за слабеење Wegovy, купи парцела од 200 хектари во третиот по големина град во Данска во јули со намера да изгради нова фабрика таму, но не откриваат за кој тип на лекови.
Reuters тогаш објави дека според извештајот за животната средина што компанијата го достави до данските власти во јануари, плановите вклучуваат капацитети за полнење на пенкала за инјектирање (процес познат како fill-finish).
Исто така, компанијата најави дека локацијата за фабриката ќе вклучува и магацин. Дизајнирана да биде модуларна и флексибилна, фабриката ќе овозможи производство на различни видови производи за ретки болести, како што е хемофилија, се вели во соопштението на Novo Nordisk.
Тоа ќе биде првиот објект на Novo Nordisk во Одензе и првата нова фабрика во Данска овој век. Градежните работи почнаа и треба да завршат до 2027 година, кога се очекува да се отворат 400 постојани работни места.
(Reuters)
(фото: Free Malaysia Today)