- Advertisement -
Горјан Јовановски, творецот на платформата Мој воздух- AirCare која направи револуција во информирањето за состојбата со загадувањето на воздухот во земјава и светот, креираше нова, најголема платформа за климатски податоци во светот, EarthCare.ai која содржи информации за 50 различни климатски состојби во целиот свет и е поткрепена со најновите модели на вештачка интелигенција за анализа на податоците.
Јовановски вели дека EarthCare.ai е наменета е за секој што сака да се информира, но особено за бизнисите, институциите и сите оние кои треба да носат одлуки со цел да бидат отпорни на климатските промени.
- Advertisement -
Клучни пораки од интервјуто:
- Ќе имаме многу поразлична клима и многу поразличен живот ако продолжиме да се преправаме дека климатската криза не постои!
- Штетите од климатските промени само во една година достигнаа сума од над 300 милијарди долари и оваа сума ќе расте за 15% на годишно ниво!
- Корисници на оваа апликација се компании од енергетскиот сектор, осигурителната индустрија и бизнис консултанти
- Имаме висока стапка на смртност од аерозагадување, се уште имаме високо загадени зими и неконтролирана урбаниација во котлинските градови како Скопје
- Решенија има со сериозна замена на грејните тела во домаќинствата, строга контрола на загадувањето од индустријата и стопирање на градежните активности
- Advertisement -