- Advertisement -
Од март идната година се воведува нова авиолинија помеѓу Скопје и Амстердам со нискобуџетната компанија „Трансавија“, јавува „Ex-Yu Aviation“.
Билетите за новата авиолинија веќе од денеска се достапни за купување на веб-страницата на „Трансавија“. Првиот лет ќе биде на 2 март 2025 година, а на релацијата ќе се лета двапати неделно.
- Advertisement -
„Трансавиа“ има долгогодишно присуство на македонскиот пазар. Со компанијата беа организирани чартер летови за холандските туристи до Охрид уште во 1970-тите. Во неколку наврати, компанијата леташе и за Скопје со чартер летови.
Фото – Spotting973, CC BY-SA 2.0 https://creativecommons.org/licenses/by-sa/2.0, via Wikimedia Commons
- Advertisement -