Кинескиот производител на електрични возила Deepal го лансираше Deepal S07 по половина цена од својот ривал, Tesla Model Y. Ова се насловите кои ги преплавија кинеските медиуми кога Deepal го претстави својот нов SUV модел со средна големина, со цена од околу 22.000 евра на локалниот пазар.
Наскоро ќе пристигне во Европа. Овде цената ќе биде повисока – се претпоставува дека е околу 58.000 евра, иако тоа се уште не е официјално потврдено – но и со таа цена би бил конкурентен во својот сегмент.
Deepal е подружница на Changan Automobile, а моделот Deepal S07 е развиен во соработка со Huawei.
Зошто е ова важно сега? Deepal S07 беше прогласен за најбезбеден автомобил на тестовите на EuroNCAP во 2024 година. Во текот на 2024 година беа тестирани вкупно 41 автомобил. Од сите нив, Deepal S07 обезбеди најдобра заштита за возачот и за возрасните патници, постигнувајќи 95% во оваа категорија. Автомобилот освои 87% поени за заштита на децата патници.
Во категоријата за заштита на возрасни второто место го делат Volkswagen Passat, Škoda Superb и уште еден кинески модел – NIO EL6, сите со 93% поени. На третото место е Mercedes-Benz E-Class со 92% поени, кој ја дели позицијата со кинескиот Maxus MIFA 7 и јапонската Mazda CX-80.
Кога станува збор за заштита на децата во возилото, Volkswagen Passat и Škoda Superb имаат по 87% поени, исто како и Maxus MIFA 7. NIO EL6 освои 85%, додека Mercedes-Benz E-Class води со 90%. Mazda CX-80 нуди заштита на децата со 88% поени.
Audi Q6 e-tron, кинескиот Maxus eTerron 9 и Zeekr X се рангирани понатаму според безбедноста, сите со 91% поени за заштита на возрасни патници. Зад нив се Porsche Macan и MG HS со 90% поени. Помалку од тоа добија кинеските Leapmotor C10 и Zeekr 001, како и европските модели Cupra Tavascan, Ford Capri, Ford Explorer и Skoda Kodiaq, сите со 89%. Следниве модели со по 88% поени: Volvo EX30 и XPENG G6 (и двата кинески), додека германскиот Audi A5 има 87%, а јапонските модели Honda CR-V и Toyota C-HR имаат по 85%.
Под ова, но над 80% поени, се Hyundai Santa Fe, Lexus LBX, Mini Countryman, Subaru Forester, Subaru Crosstrek, Subaru Impreza и Volkswagen Tiguan.
Сите наведени модели – освен стандардните Honda CR-V и Hyundai Santa Fe – заработија максимална оцена со пет ѕвезди за безбедност. Honda CR-V и Santa Fe ја добија петтата ѕвезда само со дополнителен пакет безбедносна опрема. Моделите со точно 80% поени за заштита на возрасни, како Alpine A29 и Renault 5, освоија по четири ѕвезди.
Истото важи и за Mitsubishi ASX, Renault Captur, MG ZS Hybrid и Renault Symbioz. Иако Jeep Avenger има 79% поени за заштита на возрасни патници, поради послабата безбедносна опрема и полошата заштита на пешаците, доби само три ѕвезди.
Три ѕвезди имаат и Dacia Duster (70%), Suzuki Swift (67%) и Ford Tourneo Custom со стандардна опрема (со дополнителна опрема достигнува четири ѕвезди).
Кај кинеските модели ниту еден не добил помалку од 75%, па дури и тие 75% му припаѓаат на MG ZS Hybrid, кој ретко кој го доживуваат како кинески модел. Кинеските автомобили, кои се уште се егзотични на нашиот пазар, постигнуваат исклучителни резултати со 88% и повеќе поени на европските безбедносни тестови.
(Bizlife)
(фото: Deepal)