Пронајдени огромни количества вода длабоко во вселената

- Advertisement -

Астрономи забележаа неверојатно откритие на огромен резервоар со вода, скриен во длабоката вселена, оддалечен повеќе од 12 милијарди светлосни години од Земјата. Како што е наведено во студијата објавена во Astrophysical Journal Letters, водата не се наоѓа на планета, туку орбитира околу квазар лоциран во близина на супермасивна црна дупка, околу 20 милијарди пати помасивна од нашето Сонце.

Квазарот наречен APM 08279+5255 исфрла енергија од неколку илјади билиони сонца и ја „произведува“ водата што останува во негова близина. Снабдувањето со вода во ова далечно место е огромно и содржи еквивалент на приближно 140 трилиони пати повеќе од целата вода во океаните на Земјата заедно.

- Advertisement -

Научникот од лабораторијата за млазен погон на НАСА, Мет Брадфорд, објасни за Earth.com дека за време на проучувањето на овој квазар и неговата црна дупка откриле дека тој всушност „создава“ вода. Имено, црната дупка ја привлекува материјата навнатре и додека го прави тоа, ги загрева околните гасови и прашина, со што се создава област исполнета со молекули кои никогаш досега не биле снимени на толку голема оддалеченост.

Квазарите не се како ниедна обична ѕвезда. Тие се карактеризираат со силен сјај во центарот на далечните галаксии, а во нивното срце има супермасивни црни дупки, кои ослободуваат огромно количество енергија. Таа енергија експлодира на сите видови бранови должини, што ги прави квазарите еден од најсветлите и најенергични феномени.

- Advertisement -

Во случајот со овој квазар астрономите забележале дека тој е опкружен со водена пареа и зафаќа област која опфаќа стотици светлосни години. Интересно е што за време на набљудувањето астрономите забележале дека водената пареа создадена од квазарот има релативно висока температура, околу минус 52 степени Целзиусови и е околу 300 милијарди пати помала од густината на атмосферата на Земјата.

Астрономите забележале и други молекули, како што е јаглерод моноксид, што покажува дека има изобилство на суровина што може да ја нахрани црната дупка додека таа продолжува да расте. Тие проценуваат дека има доволно гас за да се прошири црната дупка со фактор од околу шест, иако не е сигурно што ќе се случи понатаму. Некои од овој гас би можеле да формираат нови ѕвезди, додека некои би можеле да бидат исфрлени во вселената.

- Advertisement -

Бредфорд и неговиот тим истакнуваат дека откривањето на водена пареа во толку далечен квазар е клучно за проширување на нашето знаење за тоа како настанале основните градежни блокови на универзумот. Бидејќи водата игра клучна улога во обликувањето на развојот на ѕвездите и галаксиите, а ова откритие им даде на астрономите нови индиции за тоа како универзумот стареел и созреал.

(Zimo)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -