Норвешка го гради најдолгиот и најдлабокиот подводен тунел во светот

- Advertisement -

Rogaland Fixed Link, попознат како Rogfast, е подводен тунел во изградба во Норвешка. Кога ќе биде завршен во 2033 година, ќе стане најдолгиот и најдлабокиот подводен тунел во светот.

Норвешкиот автопат Е39, кој го поврзува Кристијансанд на југ со Трондхајм на север, моментално бара дури 21 час возење од почеток до крај. Со изградбата на овој мегапроект времето на патување ќе се преполови, а секојдневниот живот меѓу фјордовите значително ќе се олесни, со многу помала потреба од превоз со траект.

- Advertisement -

Норвешка веќе има големо искуство во изградба на подводни тунели, кои поврзуваат бројни острови со копното. Во моментов најдолгиот тунел во земјата е Ryfylke, долг 14,4 километри и поставен на 292 метри под површината на морето, што го прави најдлабок во светот.

Тунелот Rogfast се гради под Бокнафјорд и Квицојфјорд, во норвешкиот Рогаланд. Ќе биде долг 27 километри, а неговите две цевки, секоја широка 10,5 метри, ќе бидат поставени на длабочина од 392 метри под нивото на морето, што ќе го собори светскиот рекорд и ќе постави нови одредници во инженерството.

- Advertisement -

Се очекува секојдневно низ него да поминуваат околу 6.000 возила. За изградбата на тунелот ќе бидат ископани 8,5 милиони кубни метри камен, кој во духот на норвешката одржливост ќе се користи за други градежни проекти и рекултивација на околното земјиште. Напредните техники на тунелирање и решенијата за контрола на екстремниот притисок обезбедуваат стабилност на пробиените карпи. Тунелот ќе биде опремен со најсовремен систем за следење, кој ќе ги анализира податоците во реално време и ќе обезбеди највисоко ниво на безбедност, со што Rogfastќе биде еден од најбезбедните тунели во светот.

Импресивна е и цената на овој мегапроект – околу 22 милијарди норвешки круни или приближно 2,1 милијарди евра. Финансиските предизвици беа причина за прекин на работите во 2019 година, но тие продолжија во 2021 година, со што датумот на завршување беше од 2026 до 2033 година.

- Advertisement -

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -