Во последните пет години повеќе од 300 милијарди долари се инвестирани во нуклеарна енергија ширум светот, проценува Меѓународната агенција за енергија (IEA). Глобалните инвестиции во нуклеарната енергија се зголемија за повеќе од 50% во речиси секој регион во последните пет години, пишува ZeroHedge.
Европа води со повеќе од 200 милијарди долари инвестирани, додека Јужна Америка и Евроазија ги зголемија повеќе од двојно своите годишни инвестиции. Во последните пет години IEA процени дека повеќе од 300 милијарди долари се инвестирани во нуклеарна енергија ширум светот.
Напорите на Европа за проширување на капацитетот на енергијата од ветер не ги надминуваат потребните нивоа за исполнување на климатските и енергетските цели на Европската унија до 2030 година, и покрај тоа што енергијата од ветер ќе обезбедува 20% од електричната енергија на континентот до 2024 година, вели индустриската групација WindEurope.
„Европа не гради доволно нови ветерни електрани од три главни причини: повеќето влади не спроведуваат добри правила на ЕУ за издавање дозволи, новите врски со мрежата заостануваат, а Европа не ја електрифицира својата економија доволно брзо“, рече извршниот директор на WindEurope, Жил Диксон.
(Bizlife)
(фото: Flickr)