Во последните две години значително е зголемен бројот на туристички ноќевања во земјите од Европската унија. Најголем раст е забележан во Луксембург, Малта и Латвија, додека Франција и Белгија забележаа благ пад. Според податоците на Евростат, вкупно 2,99 милијарди ноќевања се регистрирани во туристичко-сместувачки капацитети низ ЕУ во 2024 година, што претставува зголемување за 53,4 милиони ноќевања или 2% во споредба со претходната година.
Растот главно се должи на зголемувањето на бројот на ноќевања на странски туристи, додека ноќевањата на домашните гости се благо намалени.
Хотелите остануваат најпопуларно сместување, со 1,9 милијарди ноќевања, што претставува 63% од вкупниот број. Апартманите за одмор и приватното краткорочно сместување забележале 711 милиони ноќевања (24%), додека камповите забележале 396 милиони ноќевања, што е 13% од вкупниот број.
Споредувајќи ги 2023 и 2024 година, повеќето земји од ЕУ бележат пораст на туристичките ноќевања. Најголеми зголемувања се забележани во Луксембург (22%), Малта (13%) и во Литванија (7%). Од друга страна, Франција и Белгија забележаа благ пад, додека податоците за Шведска, Финска и Италија останаа стабилни.
(BizTravel)
(фото: Pikist)