ВИДЕО: Кина претстави прототип на брз воз кој може да достигне брзина до 450 км/ч

- Advertisement -


Кина го претстави прототипот на брз воз кој достигнува максимална брзина до 450 километри на час и може да ги собори сите светски рекорди за брзина, јавуваат американските медиуми. Возот CR450 претставува значителен напредок во технологијата и посветеноста на Кина кон нејзината цел да биде лидер во иновациите во железницата.

Овој супербрз воз се движи со импресивна брзина од 450 км/ч, надминувајќи го својот претходник, CR400, кој достигна 350 км/ч. Ова значително зголемување на брзината е постигнато, меѓу другото, преку употреба на најсовремени материјали, како што се композити од јаглеродни влакна и легури на магнезиум.

- Advertisement -

Удобноста на патниците не е занемарена, па во развојот на најновиот супербрз воз ила применета технологија за намалување на бучавата, која ја намалува бучавата во внатрешноста на возот за 2 децибели во споредба со претходните модели.

(Al Jazeera Balkans)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -