Вакцина спречила враќање на напреден рак на бубрези

- Advertisement -

На пациентите со напреднат карцином на бубрези кои примиле експериментална вакцина откако им биле отстранети туморите, ракот не се вратил неколку години, покажа првата фаза од малото клиничко испитување, чии резултати беа објавени во списанието Nature.

„Тоа беа пациенти за кои знаете дека ризикот од враќање на ракот е многу висок“, рече д-р Тони Чуеири од Институтот за рак Dana-Farber во Бостон, кој го предводи истражувањето.

- Advertisement -

По речиси четири години на ниту еден од деветте вакцинирани пациенти не му се вратил ракот на бубрези, вели тој и истакна дека се многу возбудени поради овие резултати.

Стандардниот третман за третата и четвртата фаза на ракот на бубрези е хируршка интервенција, проследена со имунотерапија. Кај повеќето пациенти ракот се враќа, обично во рок од три години, а потоа веќе нема добар третман.

- Advertisement -

Новата вакцина е персонализирана, што значи дека е дизајнирана да го научи имунолошкиот систем на пациентот како да ги препознае и да ги елиминира клетките на ракот.

Научниците идентификуваа неоантигени, мали фрагменти од мутирани протеини кај ракот, во примероците на туморот отстранети за време на операцијата. Потоа утврдиле кои од овие неоантигени ќе ги стават во вакцината.

- Advertisement -

„Избираме цели кои се единствени за ракот и се разликуваат од нормалните делови на телото, така што имунолошкиот систем може ефективно да го таргетира ракот на многу специфичен начин“, објасни д-р Дејвид Браун од Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил.

Соработувајќи со Merck, научниците сега тестираат слична вакцина против рак на бубрезите во рандомизирано испитување на 272 пациенти.

(Zimo)

(фото: Easy-Peasy AI)

Сподели!
- Advertisement -