Научници од Универзитетот Алберта развија систем за проширена реалност кој на докторите им овозможува да „навлезат“ во телото на пациентите без да посегнат по скалпелот. Благодарение на комбинацијата од CT скенери и податоци од магнетна резонанца системот ProjectDR проектира слика на телото на пациентите и ја менува сликата во зависност од тоа како се движи пациентот, пренесува Zimo.
Технологијата опфаќа тракери за следење на движењето, инфрацрвени камери и маркри на телото на пациентот и проектор кој проектира слика од телото. Најголем предизвик им бил да проектираат точна слика со точните делови од телото и да се селдат движењата и да ја поместуваат сликата во зависност од движењето. Но, благодарение на посебно изградена програма која отчитува точки на телото целиот систем работи без грешка.
Како што велат од Универзитетот, ваквиот систем може да се употреби за едукација на доктори, физиотерапевти или медицински сестри, но и како средство за полесно планирање операции. Имено, со ProjectDR може да се изолира и да се прикаже само одреден орган или само една крвна жила.