Во Париз вчера заврши голем меѓународен самит за вештачка интелигенција, а земјите-учеснички требаше да дадат заедничка изјава. Сепак, без јасна причина, делегациите на САД и Велика Британија одбија да ја потпишат оваа изјава. Според Reuters, овие две земји нема да бидат потписници на заедничката декларација, а на колегите учесници на самитот не им дале јасна причина.
Од друга страна, Велика Британија не оспори ниту еден конкретен дел од декларацијата, но не ја потпишаа бидејќи таа „не е целосно во согласност со британските интереси“, изјавија од делегацијата на земјата.
Другите членки, вклучително и земјата-домаќин, Франција, потпишаа декларација со која, меѓу другото, се повикува „вештачката интелигенција да биде отворена, транспарентна, етичка и безбедна“ и дека треба да биде „во согласност со меѓународната рамка“.
(Reuters)
(фото: AI Summit)