Тоалетна хартија – за бришење омраза

- Advertisement -

Каде е правото место на хејтот? Во корпа за отпадоци! Токму тоа го прави група инфлуенсери со една провокативна иницијатива против говорот на омраза

Најгрдите, најбезобразните и најтоксичните коментари од нивните профили, сега се испечатени на тоалетна хартија. Одлично место за тоа, нели!?

- Advertisement -

Веќе неколку денови, тие активно споделуваат видеа на социјалните мрежи и буквално ја праќаат омразата таму каде што ѝ е местото – во корпа за отпадоци.

Пораката е едноставна, но ефективна: Вистинското место на омразата е тука! Со ова тие го креваат гласот против онлајн вознемирувањето.

- Advertisement -

Македонски Телеком како компанија која се залага за  свет полн со дигитален оптимизам ја отвора и поддржува темата интернет без омраза.

Придружете ни се!

- Advertisement -

Раширете ја пораката: Колку повеќе луѓе дознаат, толку посилна ќе биде заедничката борба против говорот на омраза.

Заземете став: Кога ќе наидете на говор на омраза на интернет не премолчувајте! Покажете поддршка: Следете ги приказните на нашите инфлуенсери и поддржете ја нивната порака.

Да направиме место за вистински да се поврземе.

#НаправиМесто

Сподели!
- Advertisement -