Елон Маск го претстави новиот четбот Grok 3 како „најпаметната вештачка интелигенција во светот“

- Advertisement -

Елон Маск и неговата компанија за развој на вештачката интелигенција xAI го претставијата четботот Grok 3 – нов модел со вештачка интелигенција дизајниран да се натпреварува со ChatGPT на OpenAI и кинескиот DeepSeek.

Според Маск и неговиот тим, Grok 3 ја има „најпаметната вештачка интелигенција на Земјата“ и ги надминува другите такви модели, фокусирајќи се на попрецизни, контекстуално релевантни одговори. Grok 3 ветува континуирани подобрувања, со функција за гласовна интеракција која се очекува да биде функционална во рок од една недела.

- Advertisement -

Претплатниците од нивото Premium Plus на платормата X (поранешен Твитер) ќе бидат првите кои ќе добијат пристап до напредните функции на Grok 3, а корисниците мора да ја ажурираат својата X апликација до најновата верзија за да можат да го користат новиот четбот.

Истовремено, четботот ќе биде достапен на специјализирана веб-страница (www.grok.com) и како апликација за мобилни телефони.

- Advertisement -

Паралелно со претставувањето на Grok 3, Елон Маск го соопшти основањето на оддел за развој на видео игри во рамки на xAI, укажувајќи дека компанијата ќе се насочи и кон крацијата на видео игри со помош на вештачка интелигенција.

(Marketing365)

- Advertisement -

Фото – Erp today

Сподели!
- Advertisement -