YouTube воведува нова верзија на претплата

- Advertisement -


YouTube се подготвува официјално да лансира поевтина верзија на своите платени услуги, Premium Lite, на неколку пазари. Оваа варијанта треба да дебитира во САД, Австралија, Германија и во Тајланд, според Bloomberg. Се очекува YouTube Premium Lite да привлече гледачи кои првенствено сакаат да гледаат нешто друго освен музички видеа, но нема детали за тоа колку може да чини.

Оваа верзија на претплата на YouTube беше најавена во некои европски земји уште во 2021 година, но целата идеја беше напуштена во 2023 година.

- Advertisement -

Во претходните месеци, Premium Lite беше тестиран, а некои тестери рекоа дека има ограничени реклами и чини 9 долари во Австралија (обичното YouTube Premium чини 17 долари).

Портпаролот на YouTube изјави за The Verge дека тестира нова понуда на YouTube Premium со повеќето видеа без реклами.

- Advertisement -

„Се надеваме дека ќе ја прошириме оваа понуда на повеќе корисници во иднина, со поддршка од нашите партнери“ велат од платформата.

(В92)

- Advertisement -

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -