Според интерен документ, до чии информации дошол New York Times, соосновачот на Google, Сергеј Брин, предложил вработените, особено оние кои работат на моделите и апликациите на Gemini UI, да бидат присутни во канцеларијата барем секој работен ден. Исто така, тој нагласил дека „60 часа неделно се оптимални за продуктивност“, поставувајќи нови очекувања за работните норми во компанијата.
Ова барање за зголемено присуство во канцелариите доста отстапува од сегашната политика на Google, која бара од вработените да работат од канцеларија најмалку три дена во неделата.
Иако официјален претставник на Google одби да коментира за документот, неговата порака јасно го одразува ставот на Брин дека AGI е остварлива цел и дека Google ги има сите ресурси потребни за победа во оваа трка.
Гореспоменатиот документ ја нагласува зголемената конкуренција во секторот за вештачка интелигенција, при што Брин истакна дека конкуренцијата е значително забрзана и последната трка до AGI е во полн замав.
За потсетување, Брин формално ја напушти својата оперативна улога во Google во 2019 година, кога се повлече од функцијата претседател на матичната компанија Alphabet, иако тој остана значаен акционер и член на одборот на директори.
Најголем дел од своето време го посвети на лични проекти и филантропија. По успехот на ChatGPT кон крајот на 2022 година, Брин активно се врати во Google, за да помогне во забрзувањето на иницијативите за вештачка интелигенција. Сега работи директно со тимови за вештачка интелигенција, поточно на развојот на моделот Gemini.
(Bug.hr)
(фото: Flickr)