Љупчо Паневски две деции прави хартија по рецепт од 16 век! Mузејот на хартија е една од главните туристички дестинации во Охрид

- Advertisement -

Националната работилница „Свети Наум Охридски“ е уникатна по многу нешта. Тоа е место каде што Љупчо Паневски повеќе од дваесет години секојдневно прави хартија чувајќи ја од заборав уникатната техника за правење хартија која во 16 век од Венеција во Охрид ја донел монахот
Приказната за хартијата, нејзината вредност и уникатност Паневски ја раскажува на бројните туристи кои се воодушевени од самата работилница каде што впроче се се прави пред очите на посетителите, и мешањето на смесата, и сушењето на хартијата и печатењето на старата реплика на Гутенбергова преса која смата по себе е вистинска атракција со музејска вредност.

Паневски и неговото семејство, кое е вклучено во работата на работилницата-музеј на хартија се беспрекорни домаќини. Нивната посветеност на мисијата која си ја зацртале е восхитувачка. Љупчо е горд што од една мала работилница успеал да направи институција која е препознатлив белег на Охрид, а преку печатарската дејност да заштити и некои стари ракописи. Неговата визија за иднината на овој музеј на хартијата, како што денес е најпозната работилницата, е да прерасне во музеј на словенската писменост.

Љупчо за Inovativnost Insights ни раскажа се за тајните на рачно правење на хартија, за печатењето на пресата на Гутенберг произведена во Австрија, но и за неговите омилени стари карти кои може да се најдат во оваа работилница сместена во срцето на Охрид. Катче кое не смее да се одмине.

Новинар – Верица Јорданова
Снимател – Синиша Илијески

Сподели!
- Advertisement -