Помина уште еден 8 Март, а родовиот јаз во ЕУ не е ништо помал

- Advertisement -

И покрај некои подобрувања во Европа, жените сè уште страдаат од родови јазови во платите, учеството во работната сила, вработувањето и хиерархиските позиции на работното место. Во 2022 година родовиот јаз во ЕУ бил 12,7%. Со други зборови, жените заработувале во просек за 12,7% помалку на час од мажите.

Ова покажува дека жените во просек заработуваат 87,3 евра на секои 100 евра заработени на мажите. Накратко, жените би требало да работат месец и половина за да бидат подеднакво платени.

- Advertisement -

Најголем родовиот јаз има Естонија од 21,3 отсто, а потоа следат Австрија (18,4 отсто), Швајцарија и Чешка (и двете по 17,9 отсто).

Луксембург (-0,7%) е единствената земја со негативен показател, што значи дека жените заработувале нешто повеќе од мажите. Освен Луксембург, најмал јаз меѓу половите имаа Италија, Романија и Белгија, помалку од 5%.

- Advertisement -

Причините зад родовиот јаз во платите не се едноставни и опфаќаат широк опсег на нееднаквости со кои се соочуваат жените во пристапот до работа, напредување и награди.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -