Американската вселенска агенција НАСА во четвртокот соопшти дека глобалното ниво на морињата се зголемило повеќе од очекуваното во 2024 година поради термалното ширење на морската вода и топењето на ледените плочи и глечерите. Минатата година, најтопла досега, годишната стапка на пораст била 5,9 милиметри, во споредба со очекуваните 4,3 милиметри, според анализата на НАСА.
Севкупно, стапката на пораст на нивото на морето се удвоила во текот на 30 години, при што глобалното ниво на морињата се зголемило за 10 сантиметри од почетокот на сателитското снимање на височините на океаните во 1993 година. Зголемувањето што го видовме во 2024 година беше поголемо отколку што очекувавме, изјавија од НАСА.
Секоја година е малку поинаква, но она што е јасно е дека океаните продолжуваат да растат, а стапката на пораст станува се побрза и побрза. Во 2024 година нивото на морето се зголемило главно поради термичка експанзија или затоплување на океаните, менувајќи го трендот дека топењето на глечерите и ледените плочи најмногу придонеле за порастот.
Со оглед на тоа што 2024 година е најтоплата година досега, океаните на Земјата кои се прошируваат го следат примерот, достигнувајќи ги своите највисоки нивоа во последните три децении, велат од НАСА.
(NASA)
(фото: Pxfuel)