Цената на златото се држи блиску до рекордно ниво од 3.000 долари

- Advertisement -

Цената на златото падна во понеделникот под рекордното ниво над 3.000 долари за унца (31,1 грам), кое беше постигнато во петокот. Цената се задржа на 2.984 долари, а инвеститорите во моментов се претпазливи и избегнуваат нови инвестиции, одлучувајќи да ги чекаат клучните настани оваа недела, одлуката за монетарната политика на Банката на Јапонија и заклучоците од дводневниот состанок на Федералните резерви (FOMC) во средата.

Во петокот цената на златото се искачи на 3.004 долари за унца, со што златото стана едно од средствата со најдобри резултати откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари. Од почетокот на годината златото поскапе за 14 отсто, пишува Фајненшл тајмс.

- Advertisement -

Брзите промени во тарифната политика на Трамп предизвикаа загриженост дека глобалната трговска војна може да ја поттикне инфлацијата и да ја забави американската и глобалната економија, предизвикувајќи корекција на Волстрит и зголемување на привлечноста на златото.

Очекувањата дека Федералните резерви на САД ќе ги намали каматните стапки, исто така, ги поддржаа цените на златото, бидејќи пониските трошоци за задолжување имаат тенденција да ги фаворизираат средствата што не даваат принос, како што е златото. Аналитичарите проценуваат дека физичкиот пазар на злато доживува силна побарувачка, бидејќи благородните метали традиционално се сметаат за заштита од економски кризи.

- Advertisement -

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -