Словенија ќе им забрани фрлање храна на трговските центри

- Advertisement -

По примерот на Франција, Словенија планира да стане втората европска земја која ќе го забрани фрлањето храна од трговските синџири.

Целата храна што се ближи до својот рок на траење или е сè уште добра за консумирање ќе мора да биде донирана во хуманитарни организации.

- Advertisement -

Ова го предвидува новиот закон за храна кој го подготвува Министерството за земјоделство. Според извештајот на Обединетите нации, во 2022 година околу 19% од глобално произведената храна или околу 1,05 милијарди метрички тони биле потрошени низ целиот свет.

(Al Jazeera Balkans)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -