Секоја десетта продавница во Австрија повеќе не прифаќа банкноти или монети, покажуваат податоците од извештајот на Народната банка. Иако готовината останува многу популарна кај Австријците, се повеќе продавници се одлучуваат да користат безготовинско плаќање, поради што Народната банка најавува мерки.
Пред пет години уделот на продавниците кои не примаат готовина беше 6%, но оттогаш на касите почесто може да се прочита пораката „Не прифаќаме готовина“. Според сегашните правила, тоа е дозволено, но Народната банка бара да се заостри обврската за прифаќање готовина.
„Се повеќе компании не ја почитуваат слободата на избор на потрошувачот“, критикуваше директорот на Народната банка, Едуард Шок. Од Здружението на трговци посочуваат дека безготовинското плаќање е побрзо и го олеснува сметководството. Покрај тоа, многумина се откажуваат од готовина поради ризикот од кражба.
(021)
(фото: PickPik)