Најбогатите луѓе во светот изгубија 208 милијарди за еден ден по воведувањето на американските тарифи

- Advertisement -


500-те најбогати луѓе во светот на листата со милијардери на Bloomberg изгубија вкупно 208 милијарди долари за еден ден откако новите царини на Трамп ги потресоа светските пазари.

Ова е четврти најголем еднодневен пад на богатството во историјата на листата со милијардери на Bloomberg и најголем од врвот на пандемијата на корона вирусот. По вчерашниот ден, повеќе од половина од милијардерите на листата на Bloomberg забележаа пад на своето богатство во просек за 3,3%.

- Advertisement -

Милијардерите во САД беа меѓу најтешко погодените, особено извршниот директор на Меtа, Марк Цукерберг и основачот на Amazon, Џеф Безос.

Акциите на споменатите компании паднаа за по 9%. Богатството на Цукерберг е намалено за 17,9 милијарди долари за еден ден, а на Безос за 15,9 милијарди долари. Извршниот директор на Tesla загуби 11 милијарди долари по веста за новите царини, а од почетокот на оваа година неговото богатство се намали за 110 милијарди долари.

- Advertisement -

Меѓу големите губитници е и извршниот директор на модниот конгломерат LVMH, Бернард Арно, кој загуби шест милијарди долари за 24 часа, додава њујоршката агенција.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Deviant Art)

Сподели!
- Advertisement -