Во Велика Британија се роди бебе од трансплантириана матка

- Advertisement -

За многу жени ширум светот кои се плашат дека никогаш нема да станат мајки поради проблеми со матката вестите што доаѓаат од Велика Британија даваат надеж. Имено, во таа земја е родено здраво девојче, чија мајка се породила благодарение на трансплантација на матка. Како што изјави за ВВС новата мајка и донаторот на матката, нејзината сестра, раѓањето на малата Ејми изгледало неверојатно и надреално.

Грејс Дејвидсон е родена без функционална матка и со години мислела дека никогаш нема да може да роди дете и да стане мајка. Но, во 2023 година нејзината сестра Ејми и ја донирала нејзината матка. Во моментов тоа е единствената успешна трансплантација на матка во Велика Британија.

- Advertisement -

Две години по таа пионерска операција Грејс роди девојче. Сево ова немало да се случи доколку не била извршена трансплантацијата, во која учествувале повеќе од 30 лекари и која траела дури 17 часа.

Хирургот Изабел Квирога, која го предводела тимот за трансплантација, изјави за ВВС дека процедурата носи ризици за двете сестри. Но, јасно било дека операцијата е успешна две недели подоцна, кога Грејс ја добила првата менструација.

- Advertisement -

Доколку лекарите се согласат на нова бременост, донираната матка ќе биде отстранета по раѓањето на второто дете. Грејс моментално зема имуносупресиви секој ден за да се осигура дека нејзиното тело не ја отфрла матката на нејзината сестра. Бидејќи долготрајната употреба на овие лекови може да го зголеми ризикот од развој на некои видови рак, лекарите не сакаат да се земаат подолго од потребното.

Хируршкиот тим кој ја трансплантирал матката на Грејс сега се подготвува за нови потфати. Тие имаат дозвола да извршат 15 трансплантации на матка како дел од клиничко испитување. Пет жени би добиле матка од жив донор, а 10 од починат донор. Засега е познато дека три жени веќе добиле матки од починати дарители, но нема дополнителни информации за нив.

- Advertisement -

Првото бебе родено по трансплантација на матка беше во Шведска во 2014 година. Во последните 10 години во светот се направени околу 135 такви трансплантации, а родени се околу 65 бебиња.

(BBC)

(фото: PickPik)

Сподели!
- Advertisement -