Во потрага по совршената дестинација за нов почеток, сè повеќе луѓе се свртуваат кон север, поточно кон Исланд. Според една неодамнешна студија на Remitly, која анализираше 82 земји ширум светот според 24 клучни критериуми (вклучувајќи јавен превоз, вработување, трошоци за живот и задоволство на граѓаните), Исланд, живописниот северен остров, го зазеде првото место, како најпосакувана земја за преселба во 2025 година.
Исланд постигна вкупен резултат од 58,4 од можни 100, оставајќи ја својата конкуренција далеку зад себе благодарение на исклучителниот квалитет на живот, безбедноста, одличниот јавен превоз, ниската стапка на криминал и високото ниво на задоволство на општото население. Оваа позиција не е толку изненадувачка – Исланд со години се смета за земја која поставува стандарди кога станува збор за стабилност и просперитет.
Исланд не е само фасцинантен пејзаж со гејзери, водопади и северна светлина. Неодамна беше прогласена за најбезбедна земја во светот, а се наоѓа и на третото место на листата со најсреќни и најопуштени земји.
Иако главниот град, Рејкјавик, има околу 140.000 жители, тој нуди се што се очекува од една модерна метропола – од шармантни кафулиња и ресторани до богат културен живот. Речиси сите атракции во градот се на непосредна близина, што го прави градот исклучително достапен. И покрај урбаниот дух, Рејкјавик успева да го зачува чувството на блискост и топлина, што е сè поретко во поголемите градови.
Покрај сето горенаведено, просечната плата во Исланд дополнително придонесува за нејзината привлечност. Оваа земја се уште е на врвот на листата со земји со најдобри услови за живот и работа, а просечната месечна плата е околу 4.500 евра.
Природата на Исланд е приказна сама по себе. Од прекрасниот полуостров Снефелснес до познатата рута Златен круг, што води покрај геотермалните извори, водопадите и гејзерите, секој дел од овој остров е рај за љубителите на природата. Без разлика дали сакате да избегате од градските гужви или да уживате во спектакуларни глетки секој ден, Исланд нуди незаборавно искуство.
Иако Исланд го зазеде првото место, листата на Remitly открива и други интересни дестинации за преселување. На второ место е Швајцарија со 55,8 бодови, потоа е Луксембург со 55,7 и Норвешка. Меѓу првите десет се најдоа и Обединетите Арапски Емирати, Ирска, САД, Данска, Холандија и Австралија.
(Bizlife)
(фото: Flickr)