Парите биле насочени во затворот за малолетници, поради тешката финансиска состојба на тамошната фабрика за тестенини. Неколку дена пред смртта, папата Франциско отишол во затворот Регина Коели и го дал последниот приход – 200.000 евра од личната сметка.
Папата Франциско донираше повеќе од 200.000 евра за затворениците. Донацијата е наменета за фабриката за тестенини на малолетничкиот затвор Казал дел Мармо. Ова е последниот гест на Папата, кој го откри монсињор Бенони Амбарус, на сите познат како Дон Бен, помошниот епископ задолжен за затворите и добротворните активности.
„Неколку дена пред смртта, Светиот Отец отиде во затвор за уште еднаш да упати силен апел до светот – дека оние што живеат зад решетки заслужуваат внимание. Тој им го дал последниот приход од 200.000 евра од неговата лична сметка“, рече Амбарус, пренесува Дневник.хр.
Затворениците гледаа голема надеж во делото на папата Франциско. Според него, папата им дал на затворениците се што останало на неговата сметка, пренесува Il Messaggero.
„Папата им ги изми нозете на затворениците, им ја отвори Светата врата и јавно апелираше за ублажување на казната – барем симболично, барем за еден месец. Сепак, немаше одговор“, рече монсињор Бенони Амбарус.
Фото – Flickr