За Илон Маск во последно време се пишуваат многу негативни работи. Партнерството со Трамп и неговата улога во DOGE, од една страна, му донесе поддршка од десницата, но бројот на неговите критичари значително се зголеми, а неговата политичка вклученост лошо влијаеше на бизнисот на Teslа. Но, без разлика што мислите за Маск и неговите политички одлуки, едно мора да се признае – човекот е одличен претприемач и знае како да се справи со парите.
Ова најдобро можеме да го видиме во примерот на неговата компанија за вештачка интелигенција xAI. Иако ја основаше во март 2023 година, минатата година нејзината вредност веќе достигна околу 50 милијарди долари. Неодамна ја спои со друга негова компанија, платформата Х, поранешниот Twitter. Маск потоа објави дека комбинацијата на неговата компанија за вештачка интелигенција и популарната социјална мрежа ќе отклучи огромен потенцијал со спојување на напредните способности и експертизата на xAI во вештачката интелигенција со огромниот дострел на X.
Вредноста на оваа компанија, според последните информации на Bloomberg, наскоро би можела да достигне и до 120 милијарди долари. Бидејќи се работи за приватна компанија, односно нејзините акции не котираат на берзата, нема официјални податоци за вредноста, но врз основа на купувањето на акциите во компанијата, можеме да ја дознаеме проценетата вредност.
Илон Маск моментално преговара со инвеститорите за инвестиции вредни дури 20 милијарди долари (конечната бројка се уште не е договорена, па би можела да биде поголема), со проценета вредност од над 120 милијарди долари