OpenAI сака да го купи Google Chrome

- Advertisement -

Во Вашингтон е во тек судски процес, инициран од американското Министерство за правда (DOJ), против огромната технолошка доминација на Google во социјалните медиуми, пребарувањето на интернет и вештачката интелигенција. Министерството бара Google да се „растури“ за повеќе да нема таква монополска позиција на пазарот за онлајн пребарување, а една од мерките би била да го принудат да го продаде прелистувачот Chrome.

Google, се разбира, не се согласува со владиниот став, сметајќи дека досега секогаш постапувал во согласност со правилата за конкуренција и се спротивставува на идејата за продажба на Chrome.

- Advertisement -

Ник Турли, извршен директор на OpenAI, кој го разви најпопуларниот чет-бот за вештачка интелигенција на денешницата, ChatGPT, исто така сведочеше во име на американската влада против Google. Според неговото сведочење, OpenAI понудил договор со Google минатата година, кој би ги интегрирал резултатите од пребарувањето на Google во ChatGPT, а ако американската влада го принуди Google да го продаде Chrome, тие се подготвени да го купат и да ја променат својата политика за монопол.

Иако, не е јасно како Турли и неговиот тим би го направиле тоа кога се знае дека Chrome се користи во повеќе од 60% од пребарувањата во светот. Меta, Amazon и Apple со големо внимание го следат ова судење, имајќи предвид дека и самите се соочуваат со тужби од американското Министерство за правда. Судењето се очекува да трае околу три недели.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -