ВИДЕО: Машини за миење коса со вештачка интелигенција ги преземаат фризерските салони во Кина

- Advertisement -


Фризерските салони низ кинеската провинција Гуангжу се повеќе воведуваат машини за миење коса со вештачка интелигенција, кои, според локалните медиуми, ја завршуваат работата за само 13 минути. Оваа технолошка иновација е дел од поширокиот тренд на автоматизација на услугите, а јавноста веќе ја нарече „АI шампон-манија“.

Машините работат со помош на инфрацрвени сензори, кои го препознаваат типот на косата на корисникот и автоматски го избираат соодветниот шампон и техника за миење. Сопственикот на салон во округот Tianhe истакнува дека уредите нудат повеќе режими на работа – од брзо миење до продолжени третмани, како и можност за прилагодување на интензитетот на масажата на скалпот. Тие се прилагодени на клиенти со различна должина на коса.

- Advertisement -

Кога услугата за прв пат била воведена, цената на една сесија била околу 1,35 долари, но поради интересот на корисниците, таа била речиси двојно зголемена на околу 2,60 долари.

И покрај растечката популарност, корисничките искуства се измешани. Некои известуваат дека масажата е премногу груба, додека други сметаат дека уредот не постигнува задоволителни резултати.

- Advertisement -

„Го пробав и џабе е, главата ме боли“, вели еден корисник на Weibo, кинескиот еквивалент на платформата X. Друг корисник додава: „Го пробав, само прска пена и се плакне со вода, но не може ни да стигне до мојата глава. Не е доволно чист, морав да го завршам миењето со рака“.

Без разлика на приговорите, многумина веруваат дека за оваа цена вреди да се даде шанса на автоматското миење на косата.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -