Duolingo воведе 148 нови јазични курсеви развиени со помош на вештачка интелигенција, објави компанијата. Со овој потег, Duolingo го удвои бројот на достапни курсеви, а како што објави порталот Tech Crunch, компанијата се соочува со критики од корисниците поради најавата дека ќе замени многу вработени со скратено работно време со вештачка интелигенција.
Компанијата најави дека таков напредок нема да биде возможен без инвестиции во вештачка интелигенција и автоматизација, кои овозможуваат создавање содржина со голема брзина и со високи стандарди за квалитет.
„Развивањето на нашите први 100 курсеви траеше околу 12 години, а сега, за околу една година, успеавме да создадеме и да лансираме речиси 150 нови курсеви. Ова е одличен пример за тоа како генеративната вештачка интелигенција може директно да им користи на нашите корисници“, се вели на веб-страницата на компанијата.
Duolingo е американска компанија за образовна технологија која развива апликации за учење и обезбедува јазични сертификати. Компанијата нуди курсеви на дури 43 јазици, вклучувајќи ги и најпопуларните, како англиски, француски и шпански.
(021)
(фото: Flickr)