Највисокиот регулатор за заштита на податоците на ЕУ го казни TikTok со 530 милиони евра поради загриженоста за тоа како ги штити личните податоци на корисниците. Регулаторот, исто така, нареди платформата да го прекине преносот на податоци во Кина доколку обработката на податоците не се усогласи со правото на ЕУ во рок од шест месеци, објави Reuters.
Ирската комисија за заштита на податоци (DPC) соопшти дека TikTok, кој е во сопственост на кинеската ByteDance, не може да покаже дека личните податоци на корисниците на ЕУ се соодветно заштитени во согласност со правото на ЕУ.
TikTok, пак, најави дека ќе поднесе жалба на пресудата, тврдејќи дека ја користел законодавната рамка на ЕУ, особено стандардните договорни клаузули, за да овозможи строго контролиран и ограничен далечински пристап. Iсто така, додадoa дека пресудата не ги зема предвид мерките за заштита на податоците воведени во 2023 година, кои независно го следат далечинскиот пристап и обезбедуваат дека податоците на корисниците на ЕУ се чуваат во посебни центри за податоци во Европа и во САД.
Од компанијата изјавија дека никогаш не добил барање од кинеските власти за податоците на корисниците на ЕУ, ниту пак им дал никакви податоци. Компанијата предупреди дека оваа пресуда може да создаде преседан со далекусежни последици за компаниите и индустриите кои работат на глобално ниво.
(Reuters)
(фото: Flickr)