Претстојниит Самит на Македонија 2025 во фокусот на просперитетот, технологијата и иновациите

- Advertisement -

На 12-ти и 13-ти мај, во хотелот „Мериот“ во Скопје, ќе се одржи 14-то издание на Самитот на Македонија2025. На настанот се очекува да присуствуваат над 550 гости, домашни и меѓународни лидери, претставници на домашни компании и компании од регионот и дијаспората, претставници на академската заедница, невладини организации, како и млади лидери.

Официјалното отворање на Самитот е закажано за 12-ти мај со воведни обраќања на претседателот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо и извршната директорка, проф. д-р Никица М. Блажевски.

- Advertisement -

Главните теми на Самитот ќе бидат обработени во 14 панел сесии на кои ќе учествуваат 36 врвни говорници од Македонија и светот. Фокусот ќе биде ставен на потребата од забрзан економски раст и моделите како тој да се оствари, како и на дигиталната трансформација, иновациите, привлекувањето странски инвестиции и борбата против корупцијата. На  панелите и преку интервјуа со глобални и домашни лидери, ќе се дискутираат конкретни решенија и добри меѓународни практики за конкурентна, одржлива и поврзана Македонија.

Во рамки на Самитот, ќе се организираат и пет лидерски средби, два настани за вмрежување и осум засебни обуки и работилници за компании, млади таленти и владини институции. На овие настани ќе присуствуваат говорниците од Самитот и членовите на Одборот на директори на Македонија2025. Активностите поврзани со Самитот ќе завршат на 15-ти мај.

- Advertisement -

Самитот на Македонија2025 е регионален настан со најдолга традиција чија цел е размена на искуства и нови трендови, вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората, како и инспирирање на промени во Југоисточна Европа.

Повеќе информации за Самитот се достапни на  веб-страница на Македонија2025: https://macedonia2025.com/summit-2025/.

- Advertisement -

Контакт за медиуми:

Македонија2025

8ма Ударна Бригада 20A | 1000 Скопје

Email: office@macedonia2025.com

Сподели!
- Advertisement -