Револуционерно достигнување: Кина постигна пренос на 1 tbps на растојание од 1.200 км

- Advertisement -

Кина постигна историски успех во телекомуникациите овозможувајќи пренос на податоци со брзина од 1 терабит во секунда на растојание од 1.200 километри, без да се загрози безбедноста. Овој пробив го елиминира деценискиот проблем во индустријата, потребата да се избира помеѓу брзината и безбедноста на преносот.

Тимот на професорката Лилин Ји од Шангајскиот универзитет разви нова технологија наречена IEAC (Интегрирана енкрипција и комуникација), која директно го шифрира светлосниот сигнал, наместо да користи класични софтверски техники за шифрирање како TLS или IPsec. Системот користи светлосни шеми контролирани од вештачка интелигенција, кои постојано се менуваат, создавајќи практично непробојна оптичка „еднократна шифра“, видлива само за приемниците со иста мрежна шема.

- Advertisement -

Технолошкиот напредок овозможува користење на 26 бранови должини во опсегот од 3,9 THz, со двојно поларизирани сигнали. Тестираната мрежа симулираше пренос на 1.200 км оптичко влакно, со реални пречки, со грешка помала од 2 × 10-² и речиси нула истекување на информации.

За разлика од квантното шифрирање, IEAC не бара нова инфраструктура и може да работи со постојните оптички мрежи, потенцијално само со ажурирање на дофтверот. Ова значи побрза и поевтина имплементација ширум светот.

- Advertisement -

IEAC носи особено важни предности во ерата на зголемен сообраќај на податоци, модели на вештачка интелигенција, финансиски трансакции и чувствителни информации. Шифрирањето на физичко ниво обезбедува безбедност без забавување на системите, што би можело значително да ја редефинира иднината на глобалната дигитална безбедност и суверенитет на податоците.

(FDO)

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -