Оние кои сè уште користат фиксни телефони наскоро ќе треба да одлучат дали сакаат конечно да ја прекинат таа врска. И покрај тоа што денес влегуваме во свет на сè понапредна технологија, честопати чувствуваме носталгија за старите телефони. Не само што не потсетуваат на минатите времиња, туку некои од нив можат да вредат и цело богатство.
Некои стари мобилни телефони може да ве изненадат со нивната пазарна вредност денес. Tие не се само дел од технолошката историја, туку и интересна инвестиција за колекционерите и технолошките ентузијасти.
Nokia 7280
2G 7280 „lipstick“ е модел на мобилен телефон кој го нуди Nokia. Списанието Fortune го вклучи меѓу најдобрите производи во 2004 година. Неговиот дизајн беше признат од жирито на наградите за дизајн на производи iF во 2005 година. Овој телефон е многу популарен меѓу колекционерите, неговата цена е околу 190 евра на eBay.
Motorola International 3200
Motorola International 3200 беше првиот пренослив дигитален мобилен телефон, лансиран во 1992 година. Овој телефон може да се продава на eBay за околу 200 евра.
Мotorola MicroTAC 9800X
MicroTAC е семејство на мобилни телефони произведени од Motorola Industries во САД. Првиот модел кој се појави на пазарот беше 9800X, кој беше претставен во јавноста на 25 април 1989 година. Овој телефон е достапен на eBay за речиси 200 евра.
Мotorola Razr2
Мotorola Razr2 е еден од серијата телефони со преклопување на Мotorola и е една од сериите во линијата 4LTR. На eBay овој телефон е достапен за помеѓу 100 и 200 евра.
iPhone3G
Овој паметен телефон од Apple е втората генерација на iPhone. Тој е наследник на iPhone EDGE и претходник на iPhone 3GS. Беше претставен на 9 јуни 2008 година на WWDC 2008 во Сан Франциско. Овој телефон, нов во кутија, може да се продава на eBay за речиси 1.000 евра.
iPhone2G
Мобилниот телефон, познат и како iPhone EDGE, е смартфон од истоимената фамилија Apple Inc., поточно беше првиот модел кој припаѓа на оваа фамилија смартфони. Овој телефон е достапен на eBay за помеѓу 300 и 1.000 евра, во зависност од состојбата (ако е нов, со оригинално пакување).
Motorola DynaTAC 8000X
DynaTAC е линија на мобилни телефони произведени од Motorola, Inc. од 1983 до 1994 година. Можете да добиете од неколку стотици до неколку илјади евра за овој телефон, во зависност од неговата состојба.
Мobira Сityman 900
Mobira Cityman 900 беше издаден од Nokia-Mobira во 1987 година. Тоа беше еден од првите мобилни телефони. Во зависност од состојбата на телефонот, може да се достигне цена од неколку илјади евра.
(Kamatica)
(фото: Unsplash)