Kаде во Европа становите поскапеа 17 пати

- Advertisement -


Помеѓу 2015 и 2024 година цените на становите во Европската унија се зголемија во просек за 53%, додека во некои земји дури и тројно. Главните причини за ваквите скокови се повисоките трошоци за изградба, зголемувањето на каматите на станбените кредити, ограничената понуда на станови, како и зголемениот откуп на недвижен имот како инвестиции.

Унгарија води во растот на цените, при што недвижностите таму денес се до три пати поскапи од пред десет години. Во Будимпешта просечната цена на стан се движи од 250.000 до дури 1,5 милиони евра.
Зад Унгарија е Исланд, каде што цените на недвижностите се зголемени за околу 2,5 пати. Во главниот град Рејкјавик просечната цена на стан е околу 558.000 евра. Според податоците на Банката на Исланд, иако понудата се зголемува, а побарувачката слабее, растот на цените забавува, но цените сепак се зголемија за 8% на годишно ниво во март 2025 година.

- Advertisement -

Во другите европски земји како Литванија, Португалија, Чешка, Бугарија, Естонија и Полска, цените во просек се двојно повеќе во последните девет години. Спротивно на тоа, цените на имотот во Финска останаа речиси исти како пред десет години, иако постојат големи разлики меѓу руралните области и Хелсинки.

Извештајот на Eurostat покажува дека во Финска, која доживеа годишен пад од 14% во 2021 година, најверојатно го допре дното и постепено ќе закрепнува, особено во новите градби, пишува Euronews.

- Advertisement -

Нема официјални податоци за цените на куќите во Грција, но Банката на Грција вели дека цените во урбаните области сега се на нивоата од 2008 година.

Надвор од ЕУ, цените на недвижностите во Турција се зголемија за дури 17 пати во последната деценија. Во Истанбул стан со две спални сега чини околу 120.000 евра, што можеби изгледа поволно во споредба со Западна Европа, но треба да се земе предвид дека потрошувачките цени се зголемени за речиси 38%, додека просечната плата е околу 600 евра месечно.

- Advertisement -

Изнајмувањето куќи и станови, исто така, значително се зголеми низ Европа, иако малку побавно од цените на недвижностите. Според последните податоци на Евростат, кириите во ЕУ се зголемиле за 26,7 отсто од 2010 година до крајот на 2024 година. Најголем пораст на цените на изнајмувањето е забележан во Естонија (+212%), потоа Литванија (+175%) и Исланд (+120%).

Во Унгарија, цените за изнајмување се зголемени повеќе од двојно (+114%). Од друга страна, во Грција кириите во истиот период паднале за 13%. Киријата во Турција сега е дури 8,8 пати поскапа од пред десет години.

Покрај цените на недвижностите и киријата, значително се зголемија и вкупните трошоци за домување, вклучувајќи ги и комуналните услуги. Најголем скок е забележан во Естонија, каде што трошоците се зголемени повеќе од двојно во последните десет години. Следуваат Полска и Чешка со пораст од околу 80%.

Во просек, во ЕУ овие трошоци се зголемени за над 40%. Најмал раст е забележан во Шпанија (околу 20%), а уште помал во Албанија, земја која се стреми кон членство во ЕУ. Според податоците од 2023 година, Ирска е земја со најскапи трошоци за домување во ЕУ, додека во Франција и Германија се нешто над просекот, а во Италија и Шпанија се нешто под просекот на ЕУ. Најевтино е во Малта и Унгарија, додека Бугарија е на дното на листата со трошоци кои се околу 40% од просекот на ЕУ.

(Euronews)

Сподели!
- Advertisement -