Американскиот стартап InventWood, кој се појави како спиноф на Универзитетот Мериленд, е подготвен да започне масовно производство на супердрво (SuperWood), кое е 10 пати поцврсто и потешко од челикот. Ова супердрво е отпорно на оган, временски услови и штетници, а првпат беше демонстрирано во 2018 година во труд објавен во списанието Nature.
Оттогаш тимот го усоврши производниот процес за да може да се произведува во големи количини за неколку часови наместо недели и ја лиценцираше технологијата на InventWood. Компанијата собра 15 милиони американски долари за изградба на фабриката и летово ќе ги испорача првите произведени материјали на северната хемисфера.
Првично, производите од SuperWood ќе бидат најпогодни за употреба во фасади, со план последователно да се адресираат структурните апликации кои би можеле да заменат дел од бетонот и челикот потребни за изградба на постојани згради.
Новото дрво Superwood ја добива својата супер сила преку процес во два чекори. Прво, истражувачите варат примероци од дрво во водена мешавина од натриум хидроксид и натриум сулфит, што делумно ги отстранува лигнинот и хемицелулозата од материјалот. Третираното дрво потоа се притиска на топло, што предизвикува колапс на клеточните ѕидови и создавање високо усогласени целулозни нановлакна. Крајниот резултат е целосно згуснато дрво, кое е многу поцврсто од природниот материјал.
Овој нов метод на обработка на дрво го прави 12 пати посилен од природното дрво и 10 пати поцврст од челик, а може да стане конкурент на челик или дури и легури на титаниум бидејќи е толку силен и издржлив, како и споредлив со јаглеродни влакна, но многу поевтин.
Истражувачите велат дека процесот може да се примени на многу различни видови дрво и да се прилагоди за обработка на големи количини материјал одеднаш. Новиот материјал би можел да му овозможи на дрвото да стане поевтина, полесна и пообновлива алтернатива на челикот и легурите на титаниум и може да се користи во автомобили, авиони, згради или која било апликација каде што се користи челик.
Благодарение на оваа технологија меките дрва како борот, кои растат брзо и се поеколошки, би можеле да ги заменат побавно растечките, но погусти дрва како дабот или буката во мебелот или зградите.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)