HODL Lager, првото српско „биткоин пиво“, е спој на криптосветот и занаетчиското пиво, создадено од соработката на крипто берзата ECD и пиварницата Dogma. Лансирано истата недела кога Bitcoin го собори рекордот од 111.000 долари, ова специјално пиво беше премиерно претставено на настанот Bitcoin Pizza Day во Белград, како симбол на храброст, заедништво и крипто ентузијазам.
ECD и пиварницата Dogma го претставија Bitcoin HODL Lager, првото пиво во Србија инспирирано од криптозаедницата. Лансирањето на овој лагер е совршено темпиранo – се совпадна со историскиот скок на цената на биткоинот на над 111.000 долари, што е потврда за многу инвеститори дека стратегијата на чување криптовалути без оглед на флуктуациите на пазарот донесе импресивен профит од околу 60% во изминатата година.
Името HODL доаѓа од крипто жаргонот, создаден од печатна грешка на зборот „hold“, кој со текот на времето стана мото на сите оние кои со верба во технологијата и пазарот цврсто ги држат своите токени, без паника. Токму овој дух сакаат да го пренесат ECD и пиварницата Dogma во овој посебен пијалок, кој, како што велат, не дава финансиски совети, туку повеќе обединува заедница и поттикнува образование.
Пораката на HODL Lager е јасна: „Држете го ова пиво како да го држите вашиот биткоин. Цврсто и со насмевка“. Овој производ ја комбинира страста за занаетчиско пиво со возбудата на дигиталниот финансиски свет, а неговото лансирање на пазарот дополнително ја зајакнува врската помеѓу технологијата и трендовите на животниот стил во Србија.
(Bizlife)