Јапонски научници создадоа банана со лушпа што се јаде

- Advertisement -

Истражувачи од Јапонија креираа нов вид банана со тенка лушпа која може да се јаде. Како што пишува0 Quartz, истражувачите кои ја развиле новата „монге“ банана ја продаваат по цена од 6 долари за една банана. Методот со кој е добиена новата „монге“ банана е следниот.

Бананите се одгледуваат во тропски области каде што температурите се високи, но не и бананите на истражувачите на D&T Farm. Тие бананите ги чуваат на температура од -60 степени Цезлиусови пред да ги пресадат на температура од околу 26 степени Целзиусови. Така бананите растат одеднаш, па лушпата не се развива доволно и останува тенка, мека и вкусна за јадење.

- Advertisement -

Од компанијата велат дека „монге“ бананата е производ кој не е генетски модифициран и не содржи пестициди. Во лушпата има огромна количина цинк, магнезиум, витамин Б6. Освен тоа, новите банани немаат вообичаен мирис – мирисаат слични на ананас и имаат тропски вкус.

 

Сподели!
- Advertisement -