Трогодишното партнерство со музејот во Амстердам нуди ново ниво на културно доживување преку Galaxy S25+
Samsung Electronics Co., Ltd. денес го објави почетокот на тригодишното партнерство со Музејот на Ван Гог во Амстердам, претставувајќи уникатна фузија меѓу уметноста и мобилната технологија. Во рамките на оваа соработка, новиот аудио водич на музејот – овозможен преку Galaxy S25+ – им нуди на посетителите иновативен и подлабок начин на поврзување со најголемата колекција на дела од Винсент ван Гог во светот.
“Веруваме дека технологијата треба да отвора врати кон инспирација и поврзување,“ изјави Шон Јун, претседател и извршен директор на Samsung Electronics Benelux. „Нашето партнерство со Музејот на Ван Гог е силен пример за тоа како мобилните иновации можат да го збогатат културното искуство – на интуитивен и личен начин, достапен за сите.”

Официјално пуштен на 10 јуни, редизајнираниот аудио водич на Музејот на Ван Гог користи 1.600 Galaxy S25+ смартфони за да понуди ново ниво на наративно искуство. Новата технологија ја заменува старата аудио опрема со покомпактна, полесна и поинтуитивна алатка. Посетителите добиваат и значително појасен аудио звук, како и подобрен квалитет на екранот – што овозможува богати, детални визуелни информации.
Како дел од долгорочната визија на ова партнерство, Samsung и Музејот на Ван Гог веќе работат на идни надградби на аудио водичот, кои ќе ги интегрираат напредните Galaxy AI функционалности – со цел да се овозможи уште поперсонализирано и иновативно искуство за секој посетител.

Во чест на оваа повеќегодишна соработка, Samsung ќе претстави ексклузивна линија на футроли за Galaxy смартфони, брендирани со мотиви од Музејот на Ван Гог. Дизајните се инспирирани од некои од најпознатите дела на Ван Гог, вклучувајќи ги Сончогледите и неговиот автопортрет. Овие уникатни додатоци ќе бидат достапни за купување во Samsung Experience Store и во онлајн продавницата на Samsung во Холандија, како и во физичката и онлајн продавницата на Музејот на Ван Гог.
„Во Музејот на Ван Гог целиме да бидеме во чекор со времето и да одговориме на потребите на современиот посетител, на начин кој е иновативен и својствен за нас,“ изјави Емили Горденкер, директорката на музејот. „Возбудени сме што преку партнерството со Samsung, како технолошки партнер, успеваме да го направиме музејското искуство уште побогато и повозбудливо.”

