Amazon отвора фабрика за роботски такси – ќе прави до 10.000 возила годишно

- Advertisement -


Американската компанија Amazon се подготвува да произведува до 10.000 автоматизирани роботски такси возила годишно во пространа фабрика во близина на Силиконската долина во САД и влегува во конкуренција на пазарот со Waymo, која е водечка на ова поле, а во оваа трка сака да се приклучи и Илон Маск, шефот на Tesla.

Фабриката од 20.440 метри квадратни за производство на роботски такси беше објавена денеска и означува нова фаза во напорите на Amazon да се пробие во технологијата што започна во 2009 година, во време кога Waymo беше лансиран како таен проект во рамките на Google.

- Advertisement -

Amazon првпат се заинтересира за пазарот пред пет години, кога инвестираше 1,2 милијарди долари во стартапот Zoox за самоуправувачки возила, што ќе биде бренд име за планираните возила на Amazon.

Zoox треба да започне со превоз на патници во Лас Вегас подоцна оваа година и да се прошири во Сан Франциско следната година.

- Advertisement -

Waymo почна да работи со своите роботски такси во Феникс, Аризона, пред речиси пет години. Дојде во Сан Франциско во 2023 година, потоа во Лос Анџелес и на крајот во Остин, Тексас. Waymo тврди дека досега има направено повеќе од 10 милиони платени возења со своите автоматизирани возила.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Deep AI)

Сподели!
- Advertisement -