Првата хибридна нуклеарна батерија ќе може да напојува уреди без никакво полнење со децении

- Advertisement -

Првата хибридна нуклеарна батерија во светот може да напојува уреди со децении без повторно полнење
Резултатот од најновата работа на научниците во Јужна Кореја е хибридна нуклеарна батерија која користи радиоактивен извор и “перовските” за долгорочно, стабилно напојување – идеално за вселената, медицината и војската.

Истражувачите од Корејскиот институт за наука и технологија DGIST ја развија првата практична „бетаволтаична“ батериска ќелија од нова генерација, која може да обезбеди енергија со децении без потреба од повторно полнење. Оваа револуционерна нуклеарна батерија е добиена со технологија која користи електрода со радиоактивен изотоп јаглерод-14, која е директно поврзана со апсорпционен слој направен од “перовските”, напреден материјал познат по својата висока ефикасност во конверзијата на енергија.

Тимот вклучи квантни точки базирани на јаглерод-14 во електродата и дополнително ја подобри кристалната структура на перовскитот со адитиви како што се MACl и CsCl, постигнувајќи висока стабилност и исклучителна ефикасност на конверзија на енергија. Според истражувањето објавено во списанието Chemical Communications, новата ќелија постигнува дури 56.000 пати поголема мобилност на електрони во споредба со постојните системи.

„Бетаволтаичните“ ќелии генерираат електрична енергија користејќи бета честички произведени за време на природното радиоактивно распаѓање. Иако теоретски се способни да работат со децении без одржување, досега беа ограничени од проблеми со безбедното ракување со радиоактивни материјали и стабилноста на компонентите. Сепак, новата хибридна ќелија успева да ги реши овие предизвици и нуди стабилна моќност дури и во екстремни услови, што ја прави идеална за вселенски мисии, медицински импланти и воена опрема.

- Advertisement -

При тестирањето, ќелијата одржуваше стабилна излезна моќност девет часа континуирано работење. Професорот Су-Ил Ин, водачот на истражувањето, рече дека ова е прва вистинска демонстрација на практичната употреба на „бетаволтаичните“ ќелии и дека се планира нивна комерцијализација и понатамошна минијатуризација, објавува SciTechDaily.

Коавторот на истражувањето, докторантот Џунхо Ли, истакна дека се водени од силно чувство за мисија во оваа сложена работа: „Знаеме дека иднината на нашата земја е тесно поврзана со енергетската безбедност“.

(Бенчмарк)

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -