Претставничкиот дом на САД го забрани WhatsApp

- Advertisement -

Тој како причина за забраната го наведе „недостатокот на транспарентност, заштита на приватноста и безбедност на податоците“.
Се сеќавате ли кога американската администрација им забрани на своите службеници да го користат TikTok на службени уреди поради „национална безбедност“? Се чини дека истиот чека друга апликација.

Имено, главниот административен службеник на Претставничкиот дом на САД им кажал на вработените дека не им е дозволено да го користат WhatsApp на службени (владини) уреди. Како причина за забраната, тој навел „недостаток на транспарентност, заштита на приватноста и безбедност на податоците“, објавува Axios, повикувајќи се на интерна порака од владината канцеларија.
Во пораката, на вработените им било кажано дека не им е дозволено да го преземаат WhatsApp на службени уреди, односно да пристапуваат до апликацијата на паметни телефони или компјутери. И ако веќе ја имаат инсталирано, мора да ја отстранат.

- Advertisement -

Од Мета, сопственикот на WhatsApp, не се согласуваат со оваа постапка. Поточно, со „карактеризацијата на главниот административен службеник на Претставничкиот дом“.

Портпаролот на „Мета“, Енди Стоун, во објава на „Платформа X“, истакна дека „Ватсап“ обезбедува „повисоко ниво на безбедност од повеќето апликации на списокот на одобрени апликации на Претставничкиот дом“ (листата ги вклучува „Мајкрософт Тимс“, „Сигнал“ и „Епл iMessage“).

- Advertisement -

Дали ова е само политички потег поради тужбата поднесена од Федералната трговска комисија против „Мета“ за нејзиното преземање на „Ватсап“ и „Инстаграм“, или одговор на воведувањето рекламирање во „Ватсап“, не е познато. Но, ќе биде интересно да се види дали истиот потег ќе следи и во други федерални и државни институции.

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -