Иновација во образованието: ПроКредит Банка и Економскиот факултет при УКИМ ги подготвуваат студентите за иднината!

- Advertisement -

Изминатиот викенд успешно заврши првиот заеднички мултидисциплинарен проект – уникатен спој на академско знаење и реални бизнис предизвици. Во текот на целиот семестар, над 150 студенти, менторирани од професорите Мијалче Санта, Стојан Дебарлиев и Димитар Јовевски и експерти од ПроКредит банка, во групи низ различни предмети, работеа на практични задачи од банкарскиот сектор.

Тимовите работеа на развој на иновативни бизнис модели, дигитални решенија, маркетинг стратегии и концепти за одржливост, задачи кои директно произлегуваат од актуелните потреби на банкарскиот сектор.

- Advertisement -

На завршниот настан, кој се одржа во просториите на ПроКредит Банка, студентските тимови ги презентираа своите проекти пред стручната жири-комисија составена од менаџерскиот тим на банката и професорите од факултетот. Најдобрите решенија беа наградени, а дел од студентите ќе добијат можност за практична работа и потенцијално вработување во ПроКредит Банка.

Од банката истакнуваат дека ова партнерство со Економскиот факултет претставува долгорочна соработка преку која ќе се создадат нови генерации студенти кои се подготвени да одговорат на предизвиците на современиот деловен свет.

- Advertisement -

„Горди сме што сме прва банка која го воведе овој формат на соработка со Економскиот факултет и веруваме дека оваа иницијатива ќе стане пример за модернизација на наставата и во другите образовни институции. Нашата цел е да ги подготвиме младите луѓе за иднината и да им понудиме реални можности за рано градење на професионални компетенции, а понатаму и брз деловен развој,“ истакнуваат од ПроКредит Банка.

„Одлично искуство и партнерство. Целта беше да се понуди интегрирано решение на конкретни проблеми – и таа цел беше успешно постигната. Вака создаваме кадар кој од првиот ден на работното место е подготвен да создава вредност“ истакна проф.д-р Мијалче Санта.

- Advertisement -

Како следен чекор во понатамошно унапредување на оваа успешна соработка, банката најавува отворање на нов хаб во рамки на Економскиот факултет. Овој модерно уреден и опремен простор ќе им овозможи на студентите да работат на проекти, да соработуваат и да реализираат презентации во современа, креативна атмосфера. Со оваа иницијатива, ќе се овозможат уште подобри услови за практична настава и развој на иновативни идеи.

Сподели!
- Advertisement -