Форбс ја објави новата листа на милијардери

- Advertisement -

Списанието „Форбс“ објави листа на милијардери во светот во 2025 година. Рекордни 3.028 луѓе ширум светот се најдоа на годишната листа на „Форбс“ на милијардери во светот оваа година, што е за 247 повеќе од минатата година. Ова е прв пат бројот на милијардери да надмине 3.000. Заедно тие вредат рекордни 16 трилиони долари, што е за две милијарди повеќе од пред една година и повеќе од БДП на секоја земја во светот освен САД и Кина.

На прво место е основачот и директорот на „Спејс Екс“ и „Тесла“ со богатство од 342 милијарди долари.

- Advertisement -

„Форбс“ ја објавува оваа листа во потрага по милијардери од 1987 година. Таа година, „Форбс“ пронајде 140 милијардери. Потребни беа две децении нивниот број да порасне на повеќе од 1.000.

На второто место на листата, богат со 216 милијарди долари, е основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, додека на третото место на листата на Форбс се најде основачот на Амазон, Џеф Безос, со 215 милијарди долари. Листата продолжува вака:

- Advertisement -
  1. Лари Елисон, Oracle, 192 милијарди долари
  2. Бернард Арно и семејство, LVMH, 178 милијарди долари
  3. Ворен Бафет, Berkshire Hathaway, 154 милијарди долари
  4. Лари Пејџ, Google, 144 милијарди долари
  5. Сергеј Брин Google, 138 милијарди долари
  6. Амансио Ортега, Zara, 124 милијарди долари
  7. Стив Балмер, Microsoft, 118 милијарди долари
  8. Роб Волтон и семејство, Walmart, 110 милијарди долари
  9. Џим Волтон и семејство, Walmart, 109 милијарди долари
  10. Бил Гејтс, Microsoft, 108 милијарди долари
  11. Мајкл Блумберг, Bloomberg LP, 105 милијарди долари
  12. Алис Волтон, Walmart, 101 милијарда долари

Просечното богатство на луѓето на листата е 5,3 милијарди долари, што е зголемување од 200 милиони долари од 2024 година.

Според Forbes, за прв пат во историјата има три лица чие богатство надминува 200 милијарди долари, а тие се дел од рекордна група од 15 членови на „Клубот на 100 милијарди“.

- Advertisement -

Последен на листата е 41-годишниот Оран Холцман од Израел, раководител на компанијата „Убавина и технологија“ и има богатство од една милијарда долари.

Фото – Stocksnap

Сподели!
- Advertisement -