Денот повеќе нема да трае 24 часа – наскоро нè очекува најкраткиот ден во историјата

- Advertisement -


Нашата планета ја забрзува својата ротација. Астрономите го следат загрижувачкиот феномен од 2020 година. Земјата се врти околу својата оска побрзо од вообичаеното, а следниот рекорд за најкраткиот ден би можел да се случи во наредните недели. Астрофизичарот Греам Џонс идентификуваше три можни датуми кога ова би можело да се случи: 9 јули, 22 јули или 5 август 2025 година.

Но, ова не значи дека ќе си заминете од работа порано, затоа што денот ќе биде скратен за само 1,66 милисекунди, што е помалку од трепкање со око!

- Advertisement -

Сепак, клучното прашање не е колку е пократок денот, туку зошто се случува тоа. Научниците сè уште немаат точен одговор. Интересно е што до неодамна се веруваше дека ротацијата на Земјата всушност се забавува, но сега се случува спротивното.

Еден сончев ден треба да трае точно 86.400 секунди или 24 часа. Сепак, ротацијата на Земјата никогаш не била целосно константна. До неодамна планетата се забавуваше поради плимата и осеката предизвикана од гравитацијата на Месечината. Сепак, од 2020 година наваму се чини дека Земјата „се вклучила во друга брзина“, почнувајќи да ротира сè побрзо и побрзо.

- Advertisement -

Во 2021 година евидентиран е ден кој бил за 1,47 милисекунди пократок. Една година подоцна бил уште пократок – за 1,59 милисекунди. Во 2023 година денот бил скратен за 1,31 милисекунди. А апсолутниот рекорд го држи 5 јули 2024 година, кога денот траел 1,66 милисекунди пократко од вообичаените 24 часа.

Овие отстапувања се мерат со помош на екстремно прецизни атомски часовници. Без нив, ние дури и не би ги забележале промените.

- Advertisement -

Иако причината сè уште не е потврдена, можно е промената да има некаква врска со позицијата на Месечината. Предвидените датуми во 2025 година се совпаѓаат со моментите кога орбитата на Месечината е најоддалечена од екваторот на Земјата, што може да влијае на ротацијата на планетата. Месечината ја забавува ротацијата на Земјата милијарди години. Во раната историја на планетата денот можел да трае само од три до шест часа.

На прв поглед, милисекундата изгледа незначителна, но во светот на модерната технологија и телекомуникациите, каде што сè е синхронизирано на дел од секундата, дури и овие минимални отстапувања можат да имаат влијание. Глобалните прецизни системи бараат апсолутна точност, па дури и неколку милисекунди можат да предизвикаат проблеми, иако се надеваме дека не се катастрофални.

Па, што нè очекува во далечната иднина? Ако трендот продолжи, научниците веруваат дека за околу 50 милијарди години ротацијата на Земјата ќе биде целосно синхронизирана со Месечината. Ова значи дека повеќе нема да има плима и осека, а истата страна на Месечината засекогаш ќе биде свртена кон Земјата, но ќе биде видлива само од едната половина на планетата.

Секако, ова се проблеми на иднината. Кога Сонцето ќе умре и Земјата ќе стане ненаселена, човештвото се надеваме дека веќе ќе има решение… или нова планета за населување. Засега, нема потреба од паника.

(Benchmark.rs)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -