Употреба на било каков заштитен УВ фактор при престој на сонце и отворено е подобар од никаков. СПФ (Сончев Заштитен Фактор) e нумерички показател што покажува колку ефикаснo кремата за сончање ја штити кожата од UVB зраците или поточно претставува сооднос помеѓу времето на иритација на кожата со и без заштитен фактор. Пример СПФ 50 означува дека со негова апликација можеме да бидеме изложени на УВ зраци 50 пати подолго. Оваа вредност е индивидуална за секој поединец.
Постојат 3 вида на УВ заштитни филтри: хемиски, односно органски, минерални или неоргански и природни, односно биолошки.
Хемиските филтри се многубројни во главно поделени во неколку групи според хемиската структура. Поради подобра заштита најчесто се комбинираат неколку од нив во еден ист производ. Во поново време дури се комбинираат и со минералните филтри.
Хемиските УВ филтри делуваат по пат на апсорпција на УВ зраците. Се нанесуваат 20 мин пред изложување на сонце. Се апсорбираат во кожата, тука хемиски реагираат со навлезените УВ зраци и ги претвараат во топлина. Многубројни испитувања покажуваат дека при оваа реакција доаѓа до ослободување на голема количина на слободни радикали, при што се можни иритации,влошување на розацеа, еритема дерматити, а во поново време се наведуваат и други системски ефекти. Намалена е продукцијата на меланин и синтезата на витамин Д. Регулативата на FDA (Food and Drug Administration) ги има ставено во групата на ОТЦ лекови. Во поново време се апелира и на нивното штетно влијание за подводниот свет, па дури дел од нив се забранети за употреба во некои егзотични земји. Не се препорачува употреба на хемиски филтри кај деца, трудници, лица со чувствителна кожа. Бебиња до 6 месеци не би требало да употребуваат било какво средство за сончање. За нив препораката е физичка бариера со долги ракави, капа и ограничен престој на сонце.
Минералните филтри (цинк оксид и титан диоксид), од друга страна, остануваат на површината на кожата, формираат физичка бариера и ги рефлектираат (одбиваат) УВ зраците. Нивните нано облици навлегуваат во кожата и од тука ги одбиваат сончевите зраци. Делуваат веднаш по нанесување и не предизвикуваат иритации на кожата. Еколошки се прифатливи особено нивните не-нано (non nano) облици. И цинк оксидот и титан диоксидот вклучувајки ги нивните нано облици се одобрени од FDA како безбедни УВ филтри со широк спектар на заштита за сите возрасни категории и состојби на кожата.
Единствен несакан ефект е оставање на бел слој на површината на кожата, што во денешни услови е драстично намалено со микронизација на честичките. Тие не ја поминуваат кожната бариера. Нано облиците не оставаат бел слој на површината и затоа се попринфатливи, но сепак постои опасност од нивен системски ефект.
Третата категорија се така наречените биолошки или природни УВ филтри кои се по потекло од растенијата и морскиот свет. Тоа се природни соединенија кои апсорбираат ултравиолетова светлина (UV) и истовремено имаат и антиоксидативни, антивоспалителни и имуно-модулирачки својства. Поради тоа, тие претставуваат потенцијална здрава алтернатива за употреба во кремите за сончање. Тука спаѓаат лигнанот, силимаринот, ресвератролот, сончогледовото масло, карања маслото… Во кремите за лице на Ignea, Leda и Leda Lux се употребени за да се постигне СПФ 30. Даваат комплетна заштита од УВ, ИР и HEV (сина светлина).
Синергија од здрав заштитен СПФ и антиоксидативна нега е целосна заштита од УВ и ИР зраци.
Ignea врз основа на познавањето на градбата и функцијата на кожата, знаењето за разните видови на заштита од сонце ја разви својата Honolulu линија на база на минерални и природни СПФ филтри. Во основа е нон-нано цинк оксид, во синергија со антиоксиданси и средства за природна хидратација и исхрана на кожата.

Honolulu линијата со СПФ заштита на Ignea опфаќа:
- Honolulu – крема за лице со СПФ 50+ каде е употребен микронизиран не нано облик на цинк оксид и е постигнато да не остава бел кречлив филм при нормална апликација. Станува збор за високо хидрантна и хранлива крема наменета за сончање.
- Honolulu Sun Oil Spray со СПФ 20+ со растителни екстракти, бета каротен и микронизиран нон нано облик на цинк оксид. Наменет за последните денови од сончање со цел добивање природен бронзен тен.
Овие средства не ја блокираат синтезата ниту на меланин ниту на витамин Д. Се добива природна бронзена боја.
- Линијата е збогатена со Body Butter after sun на база на високи дози на алое, невен и пантенол кој бргу ја регенерира кожата по сончање, ја хидрира и исхранува. Нашите клиенти од плажа се враќаат со мазна хидрирана бронзена кожа која не се лупи, а бојата долго трае.
И запомнете најдобра заштита од УВ зраците е сопствениот меланин.