Гентерм ја проширува инвестицијата во Македонија

- Advertisement -

Нова инвестиција на американската „Гентерм“, водечка компанија во автомобилската индустрија. Инвестицијата тежи над 30 милиони евра, а се планирани 300 нови вработувања. Компанијата веќе активно работи во индустриската зона во Прилеп.
 
Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра со 300 нови вработувања и станува збор за високо интегрирани системи за автомобилската индустрија – со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство. Ова се очекува значително ќе го зголеми извозот и според премиерот Мицковски – ова е високо технолошко производство кое докажува дека сме конкурентни и на тој пазар.
 

Премиерот упати благодарност до директорот на техничко индустриските зони, Димовски и до министерот за надворешни работи и надворешна политика за заложбите за остварување на оваа инвестиција.

- Advertisement -

-Ова не е само утре една инвестиција, ова е двигател на нашата економија, со вакви проекти расте индустриското производство, се отвараат нови работни места, се зголемува извозот, а со тоа расте и довербата во нашата економија, додаде Мицкоски.

Минатата година ја завршивме со рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции – над 1 милијарда и 255 милиони евра. Никогаш досега во историјата немало ваков прилив на капитал. Во првите месеци од годината расте индустриското производство, а во мај месец постигнавме историски највисоко ниво последната деценија од 9,4% раст на индустриското производство и тоа не се само зборови, тоа се реални бројки, резултат на довербата што инвеститорите ја имаат во овој нов политички амбиент, додаде Мицкоски.

Сподели!
- Advertisement -