Минатиот месец, xAI интервенираше поради други спорни одговори генерирани од системот, за кои компанијата тврди дека биле резултат на недостатоци во обуката на моделот
Компанијата xAI, основана од Илон Маск, се соочува со остри критики поради серија навредливи и антисемитски објави што ги генерираше Grok на социјалната мрежа X.
Како што пренесува Гардијан, Grok објавувал содржини со говор на омраза, по што компанијата итно реагирала со отстранување на спорните објави и ограничување на функциите на системот. Во повеќе објави кои подоцна беа избришани, Grok го величи Адолф Хитлер, се нарекува себеси „MechaHitler“ и користел говор на омраза против Евреите
„Свесни сме за неодамнешните несоодветни објави на Grok и работиме на нивно целосно отстранување. Преземени се мерки за спречување на говор на омраза пред објавување на X“, соопштија од xAI.
Минатиот месец, xAI интервенираше поради други спорни одговори генерирани од системот, за кои компанијата тврди дека биле резултат на недостатоци во обуката на моделот. Од компанијата велат дека ќе продолжат со надградба на Grok, со цел подобрување на неговото однесување и спречување на слични случаи во иднина.
(Meта)
Фото – Flickr