Северна Кореја неодамна отвори голем туристички комплекс на својот источен брег, а целиот свет зборува за него. Сега има и фотографии – изгледа како да е од друго време.
Туристичкиот проект на лидерот Ким Јонг Ун, во кој тој лично вложил многу труд, наводно ќе ги пречека руските посетители на крајот на овој месец, The Guardian.
Севернокорејските лидери го опишуваат комплексот како културнo одморалиште од светска класа и туристички град со национално богатство. Јужнокорејските медиуми го нарекуваат „севернокорејски Ваикики“.
Без оглед на прекарот, атмосферата на Вонсан Калма сè уште e значително poразлична од Хаваи.
Според официјалната новинска агенција KCNA, Ким Jонг Ун официјално отвори простран крајбрежен одморалиште со водни паркови, облакодери и сместување за речиси 20.000 гости.
За една од најзатворените земји во светот, тоа е раскошен приказ на екстраваганција, но деталите за тоа како гостите ќе стигнат таму и на кого воопшто ќе му биде дозволено да дојде сè уште не се познати.
„Првичната целна група ќе биде привилегираната елита на Пјонгјанг, како што се партиски функционери и високо рангирани поединци“, изјави за CNN, Лим Еул-чул, професор по севернокорејски студии на Универзитетот Кјунгнам во Јужна Кореја.
Клучното прашање што сега се поставува за новотo одморалиште е – дали една од најзатворените и најрепресивните земји во светот е подготвена да се отвори за меѓународен туризам, со цел да ги зголеми странските приходи и да го зајакне својот углед, пишуваат медиумите.
(Pun Kufer)