Samsung фрижидерите носат повеќе простор, свежина и сигурност – сега со попусти и продолжена гаранција.
Компанијата Samsung ја започна својата летна промотивна кампања Cooling Promo, во рамки на која потрошувачите можат да остварат значителни попусти на одбрани модели фрижидери, како и дополнителни три години гаранција*. Промоцијата трае од 1 јули до 30 јули 2025 година и важи кај одредени Samsung продажни партнери ширум Македонија. На официјалната Samsung страница https://www.samsung.com/mk/ можете да проверите кај кои партнери е достапна промоцијата.
Во јануари сите со нетрпение го очекувавме летото – ги посакувавме топлите ветриња, доцните зајдисонца, пешкирите на плажа и првото утринско кафе на тераса. Сега, кога конечно не грее сонцето, нема место за поплаки – време е добро да се подготвиме и опремиме за целосно уживање во сите летни моменти. А што е поважно од ладно пијалок, свежо овошје и фрижидер кој сето тоа го чува – совршено разладено?
Корисниците кои ќе се одлучат за купување во рамки на оваа промоција ќе имаат можност да го освежат својот дом со најновите модели на фрижидери кои се одликуваат со врвни технолошки решенија, елегантен дизајн и исклучителна енергетска ефикасност. Благодарение на иновации како SpaceMax™ технологијата за поголем капацитет без зголемување на надворешните димензии, Twin Cooling Plus™ системот за оптимална свежина на намирниците и дигиталниот инверторски компресор кој овозможува долготрајност и потивко работење, Samsung фрижидерите поставуваат нови стандарди во секојдневното функционирање на домаќинството.
Фрижидер со француски врати и AI Home режим
Ако ова лето размислувате за голема промена во кујната – не само функционална, туку и естетска – фрижидерот со француски врати од новата Bespoke AI линија на Samsung носи совршен спој на луксуз, паметна технологија и врвен дизајн. Со својот софистициран изглед совршено се вклопува во модерен ентериер и лесно станува централниот елемент на секој дом, додека практичната четири-вратна поделба овозможува прегледност и беспрекорна организација на намирниците.
Но овој фрижидер не е само убав – тој мисли наместо вас. Благодарение на 9-инчниот AI Home екран, можете да проверите рецепти, следите рокови на намирниците или да контролирате други уреди во домот преку SmartThings апликацијата – директно од вратата на фрижидерот. Тука е и AI Energy Mode, кој ја следи потрошувачката на енергија и автоматски го оптимизира работењето, па можете да уживате во комфор без компромис.
Уште една функција која ќе ја обожавате е AI Hybrid Cooling системот – иновација што прецизно ја одржува температурата и влагата во секој дел од фрижидерот, за овошјето, зеленчукот и другите намирници да останат свежи подолго. Без разлика дали подготвувате оброк за семејството или едноставно уживате во мирна летна вечер дома, овој фрижидер носи сè што секое домаќинство заслужува – повеќе простор, помалку грижи и многу стил.

Услови на промоцијата
За да се оствари правото на продолжена гаранција, потребно е корисниците да го регистрираат купениот уред и да остават рецензија преку формуларот достапен на веб-страницата, најдоцна 30 дена од датумот на купување. Со тоа, стандардната двегодишна гаранција автоматски се продолжува за дополнителни три години, со што Samsung уште еднаш ја потврдува својата посветеност на квалитет и доверба кај потрошувачите. *Промоцијата за дополнителна гаранција важи до 31 декември 2025 година.
Попустите во рамки на промоцијата зависат од конкретниот модел и продажното место, додека крајната цена ја одредуваат продавниците кои учествуваат во промоцијата. Комплетниот список на промотивни модели, заедно со сите детали за промоцијата, е достапен на официјалната Samsung страница.
Уредите на Samsung денес носат извонредна доверливост благодарение на 20-годишната гаранција на дигиталниот инверторски мотор и компресор. Освен што штеди енергија со напредни AI режими, овој компресор обезбедува мир и стабилност во секојдневната употреба – без грижи за замена или дефекти. Оваа гаранција е доказ за посветеноста на Samsung кон долготраен квалитет и одржливост.
Во летните денови, доверлив и квалитетен фрижидер е повеќе од уред – тој е срцето на секој дом. Со Samsung фрижидерите, добивате не само напредна технологија, туку и сигурност, стил и удобност кои траат со години.
###
За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината преку идеи и технологии кои носат трансформација. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, дигиталното огласување, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство и мрежните системи, како и меморијата, LSI системите и ливените решенија. Samsung, исто така, ги унапредува технологиите за медицинска дијагностика, HVAC решенијата и роботиката, а преку компанијата Harman создава иновативни автомобилски и аудио производи. Преку својот SmartThings екосистем, отворена соработка со партнери и интеграција на вештачка интелигенција во својата понуда, Samsung нуди совршено и интелигентно поврзано искуство. За најнови вести посетете го Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk.